Македонија го остави зад себе разочарувачкото реми од Фарските Острови, па со вечерашниот триумф над Ерменија се искачи онаму каде што припаѓа, на врвот од табелата во својата група од Лигата на Нации.
Селекторот Милевски и неговите избраници се издигнаа кога беше најтешко, па по бројните критики од Торшавн националната селекција излезе посилна, со карактер каков што доликува кога се бранат боите на земјата, со желба за победа дури и кога е исклучително тешко, со играч помалку на теренот цело полувреме.
Карактерот и квалитетот на крајот пресудија, Македонија покажа дека има и квалитет и менталитет, сега треба само да го потврди тоа на наредните натпревари, за да слави во групата и да се зачекори кон Б друштвото од Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА