Фудбалската 2017 година ја оставаме зад нас. Најдобрите ги добија заслужените признанија. Стефан Спировски и Енис Барди се најдобрите во сениорска конкуренција, Елиф Елмас е најдобар млад фудбалер, Александар Ставрев најдобар судија, Бесарт Ибраими нај-стрелец, а Гоце Седлоски најдобар тренер…
Илија Матеничаров е најдобриот фудбалски работник, селекторите Вујадин Станојковиќ и Горан Станиќ добија посебни признанија за развој на младинскиот фудбал, откако се пласираа со своите репрезентации во елитни квалификации, за првпат во историјата на мак – фудбалот.
[new_royalslider id=”869″]
НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ЗА СЕЗОНАТА 2016/17
Најдобар фудбалер за 2016/17 – Стефан Спировски
Најдобар фудбалер во странство – Енис Барди
Најдобар тренер – Гоце Седлоски
Најдобар стрелец во сезоната 2016/17 – Бесарт Ибраими
Фер – плеј екипа – ФК Работнички
Најдобар фудбалски судија – Александар Ставрев
Признание за развој на младинскиот фудбал – Вујадин Станојковиќ
Признание за развој на младинскиот фудбал – Горан Станиќ
Најдобар фудбалски работник – Илија Матеничаров
Најдобар тренер во футсал – Зоран Лекиќ
Најдобар играч во футсал – Александар Глигоров
Најдобар тренер во младински фудбал – Горан Станковски
Најдобар клуб во младински фудбал – ФК Работнички
Најдобар стрелец во младински фудбал – Александар Мишов
Најдобар младински фудбалер – Елиф Елмас
Најдобар тренер во женски фудбал – Кирил Изов
Најдобар играч во женско првенство – Илза Максути
Најдобар стрелец во женски фудбал – Ленче Андреевска
[new_royalslider id=”870″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА