Најдобри стрелци во 2019 година – на врвот ниту Меси, ниту Роналдо

Со одигрувањето на последните средби во Германија, Италија и Шпанија во 2019 година, веќе е јасно дека ниту Лионел Меси ниту пак Кристијано Роналдо нема да го понесат епитетот на најдобар стрелец во календарската година што изминува. Епитетот „Стрелец број 1 во 2019 година“ ќе го има Роберт Левандовски, кој настапуваше во неверојатна форма во дресот на Баерн Минхен и на полската репрезентација.

Полскиот ас одигра 58 официјални натпревари (на клупски и репрезентативен план), притоа постигнувајќи 54 погодоци. Зад него остана дури и Лионел Меси, кој на ист број одиграни средби постигна четири гола помалку, а третопласиран е Килијан Мбапе со 44 гола.

Кристијано Роналдо, кој се соочи со голгетерска криза во текот на минатиот месец, ја заврши годинава како петти најдобар стрелец во Европа со 39 постигнати гола, два помалку и од Рахим Стерлинг.

Се вчитува...