Најдобриот асистент во Евролигата е нов кошаркар на Црвена Звезда

Коди Милер-Мекинтаер ја плати излезната клаузула од договорот со Басконија, а потоа потпиша двегодишен договор со Црвена звезда.

Така беше прекината соработката помеѓу клубот од Виторија и американскиот кошаркар, а веднаш откако Басконија се прости од него, клубот од „Мал Калемегдан“ го потврди новотп засилување.Тој го носеше дресот на Басконија на 72 натпревари и имаше просек од 10,4 поени по натпревар, заедно со 5,9 асистенции.

Коди Милер минатата сезона беше најдобар асистент во Евролигата.

Се вчитува...