Најдобриот фудбалер на Штутгарт бира меѓу Англија и Италија

Еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата, Серхи Жираси е подготвен да го напушти Штутгарт во јануарскиот преоден рок. Најголем интерес за неговите услуги покажаа Милан, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Иако договорот го обврзува до јуни 2026 година, откупната клаузула од 17 милиони евра го прави еден од најбараните напаѓачи.

Сезонава постигна 17 гола на 14 натпревари и моментално е втор стрелец во Бундеслигата зад англискиот репрезентативец Хари Кејн кој постигна 21 гол во дресот на Баерн Минхен.

Се вчитува...