Најдобриот голфер на светот Скоти Шефлер (28) ќе мора да ги пропушти првите две натпреварувачки недели во новата година поради бизарна повреда.
Шефлер бил повреден додека подготвувал божиќна вечера. Ја исекол раката на парче стакло, а поради големиот број фрагменти кои му се заглавиле во дланката морал да оди и на операција.
Беше најавено дека Шефлер ќе игра на Сони Опен на Хаваи, турнирот на кој голферите ја започнуваат новата година. Сепак, поради несреќата што му се случи, Шефлер ќе биде на терен само кога во Калифорнија ќе стартува Американ Експрес, кој е закажан за периодот од 16 до 19 јануари.
Шефлер досега освои девет турнири, а три години по ред беше прогласен за најдобар во светот. Годинава по втор пат во кариерата славеше на Шампионатот за играчи и Мастерсот. Во Париз освои олимписки медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

