Црвена Звезда освои нова титула во српското првенство со што избори учество во европските натпреварувања за престојната сезона. А, со цел настап на највиското можно ниво српскиот тим веќе е во потрага по адекватни засилувања.
Едно од нив ќе биде засилување во нападот каде белградскиот гигант цели на раскошен и докажан голгетер. Во тој поглед високо на листата на желби се наоѓа наоѓа Вангелис Павлидис.
Грчкиот репрезентативец оваа сезона блескаше во дресот на АЗ Алкмар постигнувајќи 33 голови на 46 одиграни натпревари од кои 29 во холандското првенство со што го примами погледот на повеќе европски екипи.
Дваесетипетгодишникот влегува во последната година од договорот со холандскиот тим па АЗ Алкамр ќе мора да го продава доколку сака да заработи од него. Според популарниот „Трансфермаркт“ тој вреди 25 милиони евра, но се очекува обесштетувањето да биде не повеќе од 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА