Канадската хокеарска ѕвезда Конор Мекдејвид (28) потпиша нов двегодишен договор вреден 25 милиони долари со Едмонтон Ојлерс, објави канадскиот клуб.
Мекдејвид ја задржа својата просечна годишна плата од 12,5 милиони долари по продолжувањето на договорот, која ја имаше според претходниот осумгодишен договор вреден 100 милиони долари, кој истекува по сезоната 2025-26.
Канадскиот напаѓач ги водеше Ојлерс до финалето на НХЛ во изминатите две сезони, но дватапати Едмонтон беше поразен од Флорида Пантерс. Минатата сезона со 4-3, а оваа година со 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

