Американскиот кошаркар Мајк Џејмс е суспендиран на еден месец. Суспендиран е од Француската кошаркарска федерација поради користење на нелиценциран агент во преговорите за договор.
Искусниот Американец доби едномесечна суспензија, но таа беше условно укината, па најдобриот играч на Монако нема да пропушти натпревари во наредниот период.
За истиот прекршок е казнет и Монако со 200.000 евра, но од тоа 100.000 се условени, па ќе треба да плати само половина од наведената сума. Официјално предупредување доби и претседателот на клубот Алексеј Федоричев.
Француската федерација ја донесе оваа одлука врз основа на договорите кои Џејмс ги потпиша со Монако во сезоните 22/23, 23/24 и претходно во сезоната 24/25. Поради дополнителни нерегуларности во договорите, на Монако му беше одземена една победа во францускиот шампионат.
Монако игра одлично сезонава, предводен од Џејмс, обезбедувајќи место и во плеј-офот на Евролигата, каде има предност на домашен терен против Барселона.
Џејмс ќе биде клучен во сите тие потфати, бидејќи сезонава има просек од 15,8 поени, 5,8 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА