Џордан Нвора, досега најдобриот кошаркар на Црвена Звезда заработил тешка повреда на Ахиловата пета само ден по триумфот на „црвено-белите“ против Басконија во Евролигата, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.
Нвора постигна 19 поени во триумфот над шпанскиот тим, но се чини дека само ден подоцна Црвена Звезда доби катастрофални вести.
Засега степенот на повредата останува неизвесен и повеќе детали ќе бидат познати по дополнителните медицински прегледи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

