Најдобриот крос-кантри тркач на денешницата, Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клебо, ќе може да учествува во финалето на Светскиот куп во Лејк Плесид (САД), и покрај лесниот потрес на мозокот, кој го доби минатата недела за време на падот на спринт трка во Драмен (Норвешка).
По неколку дена одмор, лекарите му дозволија на 29-годишниот Норвежанец да патува во Соединетите Американски Држави, каде што се закажани три трки од петок до недела.
Актуелниот шесткратен олимписки шампион веќе го обезбеди својот шести Голем кристален глобус и осми Мал глобус во спринт, но неговото отсуство од трката на 50 километри минатата недела во Осло го спушти на второто место во пласманот на дистанца, каде што неговиот сонародник Харалд Естберг-Амундсен сега води со три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

