Најдобриот македонски баскетџија Ервин Цого стави крај на богатата кариера (ВИДЕО)

Најдобриот македонски кошаркар во „3 на 3“, Ервин Цого на 30-годишна возраст стави крај на богатата кариера во кој броеше настапи и на прволигашката сцена за МЗТ Скопје, Работнички, Куманово АВ Охрид, Шкупи, ТФТ и Вардар притоа закитувајќи се со шампионскиот трофеј во 2012 година со „сино-белите“.

Цого последниот настап го имаше во репрезентативниот дрес на квалификациите за Европското првенство во „3 на 3“ кое се одржа изминатиот викенд во Братислава, а таму ја предводеше Македонија до четвртфиналето како најдобар стрелец.

Низ кариерта скопјанецот кој се повлекува поради честите повреди знаеше да ги излуди противничките кошаркари со својот раскошен талент исполнет со бројни дриблинзи.

Се вчитува...