Поранешниот НБА тренер со повеќе од 20 годишно искуство во најсилното кошаркарско првенство и воедно сегашниот коментатот на телевизијата „ТНТ“, Стан ван Ганди упати голема пофалба кон Лука Дончиќ нарекувајќи го најдобриот напаѓач во историјата на НБА.
Словенечкиот репрезентативец оваа сезона бележи просек од 33.9 поени, 9.8 асистенции и 9.3 скокови по натпревар, а за американскиот стратег со оглед на неговиот напаѓачки арсенал нема дилема дека отстапува од другите.
„Најдобриот офанзивен играч кој сум го видел е Лука Дончиќ. Нема нешто што не може да направи во нападот. Пред се, тој е огромен, висок е 201 сантиметар и е голем. Шутира за три поени, стана уште поконстантен во шутот од полудистанца. Ако збориме само за напад, тогаш сигурно тој е најдобриот играч кој сум го видел“, изјави Ван Ганди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

