Најдобриот пливач на денешницата, Американецот, Кејлеб Дресел кој е сопственик на седум олимписки златни медали, повторно почна да тренира.
Американецот е повторно во базенот и работи под надзор на познатиот тренер Ентони Нести, кој има голема група професионални пливачи во Форт Лодердејл, Флорида.
Дресел се повлече од Светското првенство во Будимпешта по само една трка поради наводно медицински причини. После тоа практично повеќе не тренираше.
Останува да видиме кога Кејлеб ќе се врати во натпреварувањето и дали ќе учествува на државните првенства што ќе бидат квалификациски за Светското првенство во јапонска Фукуока годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА