Најдобриот поентер во Суперлигата замина од Гостивар

Гостивар во продолжението од сезоната ќе има потешка задача да се избори за опстанок откако од клубот замина Глен Абрам, американскиот кошаркар кој ја предводи листата на стрелци во Суперлигата.

Абрам кој на 11 одиграни средби во елитното македонско кошаркарско првенство бележеше просек од 21.3 поен кариерата ја продолжува во српскиот Вршац, клуб кој се натпреварува и во АБА2 лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JCKSG_Lin (@jcksg_lin)

Гостивар во досегашниот дел од сезоната забележа само две победи и има 11 порази со кои е на претпоследното место на табелата.

Се вчитува...