Најдобриот шахист го напушти Светското првенство поради фармерки

Најдобриот шахист на денешницата и според некои најдобриот шахист на сите времиња, Магнус Карлсен е принуден да го напушти Светското првенство во брз шах поради несоодветна облека.

Уште почудно, норвешкиот велемајстор ја бранеше титулата светски првак освоена на крајот на 2023 година во Узбекистан.

Магнус Карлсен во разговор со јутјуберот Леви Розман ги искажа своите впечатоци за крајот на настапот на Светското првенство во Њујорк.

„Очигледно, ова не е многу добар турнир за мене. Загубив еден натпревар на првиот ден. Генерално, не играв добро, бев малку надвор од контрола. Добро спиев и ручав пред да дојдам. Едвај имав време да отидам во собата и да се пресоблечам. Облеков кошула, јакна и не ни помислив на фармерки. Дури и ги облеков чевлите. Не размислував. Дојдов овде. Прво ја платив казната од 200 долари, што е во ред. Тогаш добив предупредување дека нема да можам да настапам ако не отидам да се пресоблечам. Рекоа дека можам да го направам тоа по третиот натпревар во денот. Тие може да си спроведуваат нивните правила, немам проблем со тоа, но мојот одговор на тоа е „добро, јас се откажувам“. Да ти е*ам“,“, изјави Магнус Карлсен.

Се вчитува...