Најдобриот шутер во историјата! (ВИДЕО)

Стеф Кари стана најдобриот тројкаш во историјата на НБА откако во синоќешната победа на неговиот Голден Стејт Вориорс во „Медисон сквер гарден“ над Њујорк од 96-105 успеа да постигне пет тројки и со тоа да го надмине учинокот на Реј Ален.

Кари постигна пет тројки на мечот, а со втората уште на почетокот на натпреварот ја надмина бројката од 2723 која беше во сопственост на Реј Ален.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Бруклин во крајно интересен натпревар славеше над Торонто со 131-129 и Феникс беше подобар од Портланд 111-107.

Се вчитува...