Најдобриот српски играч во баскет 3х3 стави крај на кариерата

Најдобриот српски играч во баскет 3х3 во историјата Душан Домовиќ – Булут стави крај на кариерата.

Булут беше еден од „пионерите“ на кошарката 3×3 во Србија. Новосаѓанецот подоцна со своите соиграчи успеа да ја направи Србија светски шампион. Тој се посвети на кошарката 3х3 во 2013 година кога ја основа екипата на Нови Сад, чиј лидер беше до 2021 година.

Освои четири светски клупски титули, двапати беше МВП на Светската турнеја и двапати беше најдобар играч на Светското првенство.

Што се однесува до медалите за репрезентацијата, тој има бронзен медал од ЛОИ во Токио, четири светски злата, две европски и по еден сребрен на Европските и Светските првенства.

Се вчитува...