Најдобриот стрелец на Борусија не „мрда“ од Дортмунд, но еден друг најави заминување

Серху Гираси, фудбалерот на Борусија Дортмунд кој има одлична сезона во Бундеслигата и во Лигата на шампионите, нема намера да го напушти клубот на „милионерите“ и покрај интересот од неколку гиганти. Тој најавил дека ќе остане во Борусија и во следната сезона, на воодушевување на фановите на „милионерите“, кои се надеваат дека нивниот омилен тим на крајот ќе избори пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Гираси на почетокот на сезоната дојде во Дортмунд, и досега има 19 голови во Бундеслигата, и неверојатни 13 голови во Лигата на шампионите, што во моментов го прави прв стрелец во европската елита, и покрај тоа што неговиот тим беше елиминиран во 1/4 финалето од тимот на Барселона.

Затоа еден друг фудбалер најавил заминување од екипата. Станува збор за Џереми Гитенс, 20-годишниот фудбалер кој стана „мета“ на неколку гиганти, особено од Англија кои сакаат да го видат во своите редови. Сепак, со доаѓањето на Нико Ковач, тој стана незадоволен откако има само секундарна улога во вториот дел од сезоната, а некои други играчи имаат предност пред него во првите 11.

За услугите на екс фудбалерот на Манчестер Сити се интересираат Челси и Арсенал, кои ќе трнат по услугите на ова талентирано крило. Челси дури ќе се обиде да го влучи Карни Чуквуемека во оваа зделка, кој во моментов настапува како позајмен во тимот од Дортмунд.

Се вчитува...