Најдобриот стрелец од македонското првенство продолжува во казахстански Актобе

Најдобриот стрелец во македонскиот шампионат, српскиот интернационалец, Ѓорѓе Ивковиќ откако замина од редовите на Брера Струмица, својата кариера ја продолжува во казахстанскиот прволигаш Актобе.

28-годишниот напаѓач Ивковиќ е стрелец број еден во Првата македонска фудбалска лига по есенскиот дел од сезоната со девет постигнати погодоци. Србинот вкупно за Брера настапи на 31 натпревар на кој постигна 17 гола.

По заминувањето од Брера минатиот месец сега се одлучи да ја прифати понудата на Актобе. Претходно во кариерата има настапувано и за Бежанија, Телеоптик и ИМТ во Србија, како и за албански Лачи.

Се вчитува...