Најдобриот стрелец во Бундеслигата не игра против Баерн

Баерн Минхен престојниот викенд има гостување во Бремен кај Вердер, и важи за голем фаворит за победа. Но, нивната фаворитска улога се зголемува по веста дека Вердер на овој натпревар ќе биде без Никлас Филкруг, најдобриот стрелец во моментов на Бундеслигата со 16 голови.

Филкруг ќе го пропушти овој меч поради повреда, поради која мора да паузира, а тоа ќе биде голем плус за Баерн во обидот да го задржи првото место на табелата, кое го презеде по „киксот“ на Борусија Дортмунд минатото коло на гостувањето кај Бохум.

Во моментов Баерн има еден бод предност пред Борусија, на четири кола до крајот на Бундеслигата.

Се вчитува...