Најдобриот стрелец во Чемпионшип доби жестока казна

Напаѓачот на Норич, Борха Сајнц е суспендиран на шест натпревари поради плукање на противнички играч.

Шпанецот моментално е најдобар стрелец во Чемпионшип со 15 гола, и игра во животна форма, но сега ќе мора да олади малку.

Покрај суспензијата што ја доби, тој е казнет и со 12.000 фунти.

Во споменатиот натпревар одигран на 21 декември Норич беше поразен од Сандерленд со 2-1.

Се вчитува...