Најдобриот стрелец во групната фаза со трансфер од соништата

Францускиот клуб Монако постигна договор за личните услови на грузискиот фудбалер Жорж Микаутадзе. Раководството на францускиот клуб е во завршни преговори со Мец за ангажман на голгетерот.

Грузиецот играше на позајмица од Ајакс и имаше одлична полусезона со 14 гола и 4 асистенции во 22 меча, со што Мец ја искористи клаузулата и потпиша перманентен договор со него за 13 милиони евра.

Микаутадзе го сврте вниманието кон себе со настапот во групната фаза за неговата селекција. Тој со три гола во моментов е најдобар стрелец за Грузија на Европското првенство во Германија, овозможувајќи на својата селекција да се пласира и во 1/8 финалето во својот прв историски настап на едно големо натпреварување.

Се вчитува...