Најдобриот стрелец во Лига 1 го пропушта Мундијалот

Водечкиот стрелец на француското фудбалско првенство, 23-годишниот напаѓач на Стразбур, Хоакин Паникели, го повреди коленото за време на тренингот на аргентинската репрезентација пред пријателскиот натпревар против Мавританија и ќе го пропушти Светското првенство оваа година, каде што Аргентина ќе ја брани титулата.

„Хоакин Паникели претрпе повреда на десното колено, а сериозноста на повредата ќе биде позната по дополнителните тестови“, објави Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА).

Според аргентинските медиуми, Паникели ги скинал вкрстените лигаменти и се очекува да отсуствува околу седум месеци.

Паникели дебитираше за Аргентина во ноември минатата година, а претходно во кариерата претрпе тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото, поради што во 2023 година направи шестмесечна пауза.

Се вчитува...