Клубот од Саудиска Арабија Ал-Кадисија покажува сериозен интерес за најдобриот стрелец во Серија А , Матео Ретеги. Се очекува Ал-Кадисија во четврток да достави официјална понуда за напаѓачот на Аталанта во износ од 50-60 милиони евра.
Овој тим бара напаѓач, откако претходно беше одбиен од страна на Моиз Кин, Рикардо Орсолини и Џонатан Дејвид.
Минатата сезона Ретеги стана најдобар стрелец во Серија „А“ со 25 гола на 36 меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

