Голем број на спортисти денеска пристигнуваат во главниот град на Франција за престојните Летни олимписки игри, но еден од нив нема да биде најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер. Италијанецот го откажа летот за Париз што наиде на голема загриженост на неговите фанови.
Причината за овој неочекуван потег на Италијанецот е проблем со грип поради кои мора да одмори дома и во следните денови. Според последните информации тој ќе пристигне во Париз во четврток на денот на ждрепката, што е доцна бидејќи тенискиот турнир започнува само ден подоцна.
Актуелниот освојувач на Австралија Опен и полуфиналист на Ролан Гарос е на пауза од поразот од Данил Медведев на Вимблдон каде се соочи со здравствени проблеми кои очигледно и го мачат и ден денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА