Најдобриот тим на светот вреди 1.1 милијарда евра

Американскиот портал „GiveMeSport“ според податоците на ЕСПН со состави најдобриот фудбалски тим на светот кој вреди 1.1 милијарда евра.

На голот се наоѓа Тибо Куртоа, бековските линии ги покриваат Ашраф Хакими и Алфонсо Дејвис, додека одбраната ја комплетираат Рубен Дијас и Јошко Гвардиол.

На средината на теренот се Џуд Белингхам, Роди и Кевин де Брујне, додека во нападот се Бакајо Сака, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

За тренер на тимот е одбран Пеп Гвардиола кој прави чуда со Манчестер Сити.

Се вчитува...