Денеска Кошаркарската федерација на Македонија одржа комеморација за починатата легенда на македонската кошарка Лазар Лечиќ. КФСМ одлучи во иднина наградата за најдобар тренер на Македонија да го носи неговото име.
Тоа е признанието за најдобриот тренер на годината кое се доделува традиционално во изборото за најдобрите за изминатите години, во организација на кошаркарската федерација.
Лечиќ беше признато име во југословенската кошарка, а беше и дел од стручниот штаб на Југославија која во 1970 година ја освои светската шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА