И покрај тоа никогаш нема освоено НБА прстен, осум пати е одбран на Ол-стар, и двапати во најдобрата петорка на лигата, а посебно ќе се памети по одличната изведба на забивањата во 2000 година, Винс Картер ќе влезе во Куќата на славните на НБА. Кариерата ја заврши со 25.728 поени, што го држеше 20 место до неодамна, кога беше прескокнат од Џејмс Харден.
Но, не е само Картер кој влегува во Куќата на славните на НБА. Таму влегува и Чонси Билапс, потоа Мајкл Купер, Дик Барнет и Волтер Дејвис.
Исто така влегуваат и повеќекратната ВНБА шампионска Симон Огустус, австралиската кошаркарка Мишел Тимс, тренерите Харли Реди, Бо Рајан и Даг Колинс. Исто така влегува и Херб Симонс, сопственикот на Индијана, кој е на оваа функција од 1983 година до денеска, и има најголем стаж во НБА историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

