Најдобрите 11 на Мурињо: Доминација на Челси, ниту еден „црвен ѓавол“

Жозе Мурињо со секој свој потег успева да ја разбранува европската фудбалска јавност, па така беше и со денешното објавување на списокот од најдобри 11 фудбалери што Португалецот ги тренирал во текот на кариерата.

Трофејниот стручњак низ годините освои бројни трофеи како предводник на Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но од списокот е очигледно дека најпозитивни спомени има од времето минато во Челси, во двете „епохи“ како предводник на лондонскиот премиерлигаш.

Петр Чех е на голот во „дрим-тимот“ на Мурињо, во одбраната се Тери, Карвалјо, Галас и Хавиер Занети, во средниот ред има место за Макелеле, Лампард и за Озил, додека во напаѓачкото трио на Мурињо се најдоа Азар, Дрогба и Роналдо.

Интересно, на списокот не се најде ниту еден фудбалер на Порто, каде што тој ја почна блескавата тренерска кариера, но и од Манчестер Јунајтед, каде Мурињо го освои последниот пехар. Златан Ибрахимовиќ, Весли Снајдер, Самуел Ето, Марко Матераци… се само дел од имињата „заборавени“ од „специјалниот“ во овој негов избор. И Горан Пандев беше под раководство на Мурињо во периодот кога италијанскиот клуб Интер ја освои тројната круна.

Се вчитува...