Американскиот ЕСПН ги рангираше најдобрите фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство во Катар 2022 година. Шампионатот ќе почне со дуелот меѓу домаќинот и Еквадор кој на програмата е на 20. ноември (недела) со почеток во 17 часот.
Прв на ранг-листата на најдобри фудбалери на шампионатот е францускиот фудбалер Килијан Мбапе, а веднаш под него е неговиот сонародник Карим Бензема. Третото место му припадна на Белгиецот, Кевин де Брујне, четврти е Лионел Меси, додека топ 5 го заокружува Полјакот, Роберт Левандовски.
Во топ 10 уште се наоѓаат и: Нејмар, Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тибо Куртоа и Садио Мане. Интересно е тоа што првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо се наоѓа на 20. место на листата.
ESPN FC ranked the 50 best footballers at the Qatar World Cup 🏆 pic.twitter.com/p5dM29mW2y
— ESPN FC (@ESPNFC) November 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА