Најдобрите тенисери во светот им се заканија на гранд-слемите

Претставниците на Топ 20 тенисери во светот доставија јасна листа на барања до организаторите на четирите гранд-слем турнири.

Само неколку недели откако Професионалната тениска асоцијација (PTPA) ги тужеше водечките тениски власти (ATP, WTA, ITIA и ITF), се појави нов пресврт во „белиот спорт“.

PTPA не ги тужеше гранд-слемовите, но затоа најдобрите тенисери на планетата планираат потенцијално да го сторат тоа – и тоа е поради пари.

Според информациите на францускиот „Л’Екип“, 20-те најдобри тенисери испратиле остра молба до Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, барајќи порамноправна распределба на парите.

Тие во писмото наведуваат дека лига како НБА дава минимум 50 проценти од приходот во текот на една сезона на играчите, додека во тенисот таа бројка е многу помала. На пример, вкупниот награден фонд на Ролан Гарос лани изнесуваше 53,4 милиони евра, односно само 16% од приходот на тој турнир (338 милиони).

Претходниот притисок на играчите се исплатеше, бидејќи 2022 година забележа значително зголемување на паричните награди, најмногу за победниците на гранд-слемите (54%), полуфиналистите (60%) и победниците во првото коло (40%).

Се вчитува...