Угледниот ЕСПН објави листа на 100 најдобри трансфери во историјата на Премиер-лигата. Критериумите за избор беа многу детални, но конечниот редослед предизвика бројни коментари. Првото место му припадна на Тиери Анри чиј трансфер во 1999 година од Јувентус во Арсенал вредеше 14,5 милиони фунти.
На второто место е преминувањето на Френк Лампард од Вест Хем во Челси во 2001 година, а на третото место е уште еден трансфер на Венгер, Патрик Виериа кој во 1996 година „топчиите“ го купија од Милан за 4,8 милиони фунти. Во топ 5 се уште и Серхио Агуеро од Атлетико Мадрид во Манчестер Сити и Еден Азар од Лил во Челси. Од шестата до десеттата позиција се наоѓаат дури четири легендри на Манчестер Јунајтед (Ерик Кантона, Вејн Руни, Кристијано Роналдо и Рој Кин), а топ 10 листата ја заокружува Дидие Дрогба.
Големи коментари има за тоа што Манчестер Јунајтед е тим кој доминираше триесетина години во Премиер-лигата, а ниту еден од фудбалерите кои носеа титули за клубот не е во топ 5, меѓу кои и еден од најдобрите на сите времиња Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

