Најдобро ВИДЕО на контроверзниот момент во ЛШ кое покажува што се случи со пеналот на Алварез

Многу полемики предизивка вчерашниот дуел помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Реал Мадрид оди понатаму благодарение на подобрата изведба на пеналите, но еден миг во пенал серијата ќе остане дилема.

Алварез во втората серија успеа да погоди за Атлетико Мадрид, притоа се лизна, но на крајот топката заврши во мрежата. На почеток се чинеше дека ништо не е спорно, меѓутоа потоа се огласи ВАР и му нареди на судијата Марчињак да го поништи пеналот.

Напаѓачот на Атлетико двапати играл со топката, и затоа судијата го поништи пеналот.

Се вчитува...