Најдоброто од македонската кошарка без најдобрите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација денеска во хотелот Лимак во Скопје го избра најдоброто од македонската кошарка за 2021 година. Заслужено или не, „куќата на кошарката“ додели 17 награди во 17 различни категории: Најдобар кошаркар, кошаркарка, млад кошаркар, млада кошаркарка, најдобра машка и женска екипа во сениорска и младинска конкуренција, најдобар тренер во машка и женска сенироска и младинска конкуренција, како и најдобра екипа и играч во „3х3“.

Доделени беа награди и за најдобар репрезент во странство, најдобра младинска репрезентативна селекција и најдобар кошаркарски судија.

На церемонијата присуствуваше и легендарната генерација која во 2011 година ја покори Литванија сред Каунас и го освои четвртото место на Еуробаскетот, но на истата отсустни беа најдобрите за 2021 година, Андреј Магдевски и Анџелика Митрашиновиќ.

 

 

Се вчитува...