Најдоброто во мак-баскетот за 2022 година (фотогалерија)

Наградите за сите оние кои ја одбележаа оваа кошаркарска 2022 година беа свечено доделени вечерва, а во нив главен лауреат беше Војдан Стојановски.

Долгогодишниот капитен на македонската репрезентација се врати назад во мак-баскетот по подолга пауза и беше меѓу најзаслужните за освоената титула на МЗТ Скопје и промоцијата на „металците“ во АБА1 лигата, па за крај на годинава повторно се закити со наградата што ја има освојувано и претходно во кариерата.

Александра Стојановска беше најдобра кошаркарка, Александар Петровиќ беше изборот за најдобар тренер во машка конкуренција, додека Андреј Шошкиќ го доби признанието за најдобар млад кошаркар, а Александер Павлов за најдобар кошаркарски судија…

Се вчитува...