Најдоски се врати во Тиквеш

Левиот бек Никола Најдоски, повторно ќе го носи дресот на Тиквеш. После една година мината во гевгелиски Кожуф, а претходно и во велешки Борец, 20-годишниот фудбалер се врати во својот матичен клуб.

Најдоски играше во Тиквеш се до февруари 2023 година, а потоа замина во Борец, па во Кожуф, и сега после две години одново е во матичниот клуб.

Најдоски е петтото засилува за кавадарчани после Михалјевиќ, Купанов, Јонус, Воша и Миловановиќ.

Се вчитува...