Најефикасен ден во Лигата на шампионите – 4,4 гола по натпревар

Претходниот ден во Лигата на шампионите беше најефикасен откако се играше елитното европско натпреварување. На девет меча беа постигнати 40 голови. 

На шест натпревари беа постигнати пет или повеќе гола, дури на три натпревари беа постигнати шест или повеќе голови, што е навистина невидена напаѓачка продуктивност на играчите од најдобрите тимови во Европа.

Просекот го расипаа само натпреварите во Минхен и Милано, кои и двете завршија со победи на домаќинот Интер, односно Баерн, со резултат 1:0.

Најсилен впечаток оставија Арсенал, Аталанта и Атлетико Мадрид со победите на гости од 5:1, 6:1 односно 6:0 над Спортинг, Јанг Бојс и Спарта.

Голеада беше виден и во Манчестер, за кој подеднакво одговорни се играчите на Сити и Феенорд – 3:3.

Се вчитува...