Најефикасно коло во ПМФЛ сезонава: На пет меча дури 27 гола!

Денеска се одиграа петте натпревари од 31. коло во Првата македонска лига. Ова коло беше најефикасно во оваа сезона, и едно од најефикасните воопшто во историјата, затоа што паднаа дури 27 кола, или во просек нешто повеќе од 5 по натпревар.

Најмногу, девет, ги имаше во Маџари, каде што Работнички со 5-4 го совлада тимот на Брегалница. Таму имаше најмногу возбудувања, со оглед дека Брегалница водеше, па потоа „романтичарите“ направија пресврт и дојдоа до +2 разлика, па Брегалница одново се доближуваше, но на крајот „романтичарите“ запишаа три бода.

Ефикасно со седум гола беше и на тренинг комплексот „Петар Милошевски“, каде што Македонија ЃП со 7-0 ја декласираше Победа.

Пет гола имаше во Струмица. Таму Тиквеш со 1-4 го совлада тимот на Академија Пандев. По три гола имаше на средбите кои беа во фокусот на вниманието во Струга и на Чаир. Струга со 3-0 го совлада тимот на Силекс, додека на Чаир Шкупи ја победи Шкендија. Згора на тоа Шкендија не реализираше пенал во последните мигови од средбата.

Се вчитува...