НАЈГЛЕДАНО ОД „ПРЕСИНГ“ ВО 2025: Кој ги сокри Дарко Панчев и Пепи Георгиевски за да не бидат украдени од Ц. Звезда во 1984 година… (ВИДЕО)

ЕКИПА.МК во 2025 година го стартуваше својот нов проект – првиот спортски подкаст во Македонија од ваков тип, „ПРЕСИНГ“ во кој домаќин е и најголемата македонска легенда во историјата, Дарко Панчев. Па, низ деновите на заокружување на изминатава 2025 година ќе ве потсетиме и на најгледаните моменти од изминатите 13 епизоди на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ во кој, заедно со Дарко Панчев, гости ни беа Благоја Милевски, Емил Рајковиќ, Кире Лазаров, Масар Омерагиќ, Марјан Илиевски, Перо Антиќ, Златко Калински, Јошко Миленковски, Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓе Војновиќ, Александар Тодоров, Горан Попов, Шабан Трстена, Ѓоко Хаџиевски, Борко Ристовски…

=============================================

Во една од најгледаните епизоди на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ минатата година, Дарко Панчев и Златко Калински ја раскажаа досега нечуената приказна во македонската спортска јавност, за тоа како Дарко и Пепи Георгиевски, во 1984 година беа „сокриени“ за да не бидат украдени од Вардар, од страна на балканскиот гигант Црвена Звезда.

Дарко открива како тогашниот потпретседател на Вардар, Митко Јовановски спречи Црвена Звезда да ги украде во 1984 година најголемите таленти на југословенскиот фудбал во тоа време.

Слушнете како и каде беа „сокриени“ Дарко и Пепи кои тогаш ги барала цела Југославија…

Се вчитува...