НАЈГЛЕДАНО ОД „ПРЕСИНГ“ ВО 2025: Што вели легендарниот Арсен Венгер за Дарко Панчев!? (ВИДЕО)

ЕКИПА.МК во 2025 година го стартуваше својот нов проект – првиот спортски подкаст во Македонија од ваков тип, „ПРЕСИНГ“ во кој домаќин е и најголемата македонска легенда во историјата, Дарко Панчев. Па, низ деновите на заокружување на изминатава 2025 година ќе ве потсетиме и на најгледаните моменти од изминатите 13 епизоди на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ во кој, заедно со Дарко Панчев, гости ни беа Благоја Милевски, Емил Рајковиќ, Кире Лазаров, Масар Омерагиќ, Марјан Илиевски, Перо Антиќ, Златко Калински, Јошко Миленковски, Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓе Војновиќ, Александар Тодоров, Горан Попов, Шабан Трстена, Ѓоко Хаџиевски, Борко Ристовски…

=============================================

Во шестата епизода на „ПРЕСИНГ“ легендарниот македонски спортски коментатор Златко Калински, издвои еден цитат од едно од најголемите тренерски имиња во светот, Арсен Венгер кој во периодот на неговите славни настапи во дресот на Црвена Звезда, го издвои Дарко Панчев како пример за напаѓач кој по теорија се однесува во завршницата на нападите…

Легендарниот Арсен Венгер исечоците од головите на Дарко Панчев ги користи години потоа како пример во своите предавања за тоа како треба да се однесува еден напаѓач.

Венгер уште во 1985 година, како тренер на Монако, го испратил директорот на клубот тогаш во Скопје со желба да го ангажира Панчев уште како фудбалер на Вардар…

Се вчитува...