Најголем број заразени во еден клуб: Дури 16 фудбалери на Васко де Гама позитивни на Ковид-19

Еден од најголемите бразилски фудбалски клубови, Васко де Гама објави дека дури 16 негови фудбалери се позитивни на коронавирусот, поради што откажано е продолжувањето на тренинг активностите.

Клубот од Рио де Жанеиро објави дека биле направени повеќе од 350 тестови меѓу фудбалерите како и нивните семејства, стручниот штаб но и администрацијата на клубот при што утврдено е дека дури 30% се позитивни на Ковид-19. А, од нив и 16 фудбалери кои се сега во изолација.

„Позитивните фудбалери редовно ќе бидат под лекарски надзор“ – истакна главниот лекар на клубот, Маркос Тешеира.

Фудбалските натпреварувања во Бразил се прекинати поради пандемијата од која во земјата починаа повеќе од 30.000 луѓе.

Се вчитува...