НАЈГОЛЕМ: Роналдо самиот има повеќе голови во ЛШ од Атлетико Мадрид во историјата

Не постојат доволно комплименти за да се опишат квалитетите, но пред се победничкиот менталитет на Кристијано Роналдо, асот роден за големи натпревари без разлика чиј дрес носи.

Јувентус плати 100 милиони евра за него, но и тоа е малку откако Португалецот блесна во сиот свој сјај на вечерашниот реванш против Атлетико Мадрид, постигнувајќи го осмиот хет-трик во кариерата во ЛШ, со тоа израмнувајќи го достигнувањето на Лео Меси.

Само за споредба, Кристијано Роналдо во својата кариера има постигнато 124 гола во Лигата на шампионите. Шест повеќе од Атлетико Мадрид во историјата на настаните на шпанскиот клуб во елитното европско натпреварување (118).

Затоа, Диего Симеоне и неговите избраници се уште имаат кошмари од Кристијано, и повеќе од половина година по неговото заминување од Мадрид.

Се вчитува...