Најголема понуда за Елиф Елмас: Тотенхем нуди 19 милиони евра + Винсен Јансен

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ја испрати досега најбогатата понуда за македонскиот суперталент Елиф Елмас. Според турскиот медиум „Футбол Арена“, Тотенхем нуди 19 милиони евра и дополнително во пакет го отстапува Винсен Јансен, холандскиот напаѓач кој не се снајде најдобро во лондонскиот клуб.

Елиф Елмас е цел на неколку големи европски клубови. Интер, Наполи, Јувентус, Арсенал, Атлетико Мадрид, Севилја и Борусија Дортмунд сериозно се интересираат и наддаваат во трката за потписот на младиот македонски репрезентативец.

Атлетико Мадрид претходно достави понуда вредна 14 милиони евра во која е вклучен и хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ.

Се вчитува...