Најголемата битанга во ММА-спортот предизвика нов хаос, но остана претепан од Логан (ВИДЕО)

Најголемиот фалбаџија во светот на боречките спортови, Дилон Данис доби тежок ќотек од Логан Пол во Манчестер во борбата која беше прекината во шестата рунда откако Данис се обиде да предизвика хаос во рингот фрлајќи се во нозете на Пол. А, до тој момент буквално беше претепан од противникот.

Пол целосно доминираше против Данис кој претходно со месеци го провоцираше Логан, му ја навредуваше вереницата со брутални објави, се пресече и со микрофон во обид евентуално да ја избегне борбата, но ништо од тоа не му помогна да го одложи мечот кој брутално го загуби.

Па, Данис доби тежок ќотек во шест рунди, а потоа со џиу-џитсу потег се обиде да предизвика хаос доаѓајќи во судир и со обезбедувањето. За среќа избегнати беа потешки последици и на крај Данис доби дисквалификација.

„Штета што само не го залепив за подот. Покажа само дека е една обична битанга, ѓубре од човек на кого не треба повеќе да му се дозволи да се натпреварува“ – истакна по борбата Логан Пол и го прозва Конор МекГрегор.

„Овој човек се нарекува борец? Конор МекГрегор, ја средив твојата ку.ка“ – дополни Логан.

Се вчитува...