Лионел Меси синоќа во Ријад ја доживеа веројатно најголемата бламажа во својата кариера. Потег поради кој голем број фудбалски фанатици преку социјалните мрежи денеска се потсмеваат со фудбалерот на годината.
Интер Мајами гостуваше во Ријад на пријателски натпревар со Ал Наср кој го загуби со убедливи 6-0. И секако во фокусот на тој меч беа Кристијано Роналдо и Лионел Меси. И додека Роналдо отсуствуваше поради повреда, Лионел Меси го почна мечот од клупата.
Но, изненадувачки, мораше да влезе во 83. минута и тоа додека неговиот тим веќе губеше со 6-0. Такво понижување во кариерата, па било тоа и резултатски неважен натпревар, веројатно никогаш не доживеал.
Сепак, Меси не смеел да не се согласи на влегување во игра. Се поради пусти пари.
Информациите говорат дека Интер Мајами со прифаќање на доаѓање во Ријад се обврзал дека Лионел Меси ќе се појави на терен, макар и неколку минути. Секако, Саудијците доаѓањето на американскиот тим со четири поранешни ѕвезди на Барселона, покрај Меси и Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба, богато го хонорирале. Па, Меси, сакал не сакал, мораше да се појави во игра и при 6-0…
А, сето тоа од трибини, очигледно слатко го следеше Кристијано Роналдо…
Ronaldo smile
He’s enjoying this
— Janty (@CFC_Janty) February 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА