Најголемата борба во историјата на женскиот бокс

Клариса Шилдс и Кристина Хамер ќе се соочат во меч кој треба да покаже која од нив во моментов владее со светот на женскиот бокс. Дуелот е закажан за в сабота во Атлантик Сити.

Двете досега се непоразени и двете тврдат дека се најголемите во боксерската историја.

Шилдс ги поседува појасите во ВБА, ВБЦ и во ИБФ полутешка категорија, оди по трофејот на Хамер во ВБО за обединување на сите титули.

„Победата ќе покаже дека јас сум најдобрата во историјата. И не го велам ова само за да се фалам, за да бидеш најдобра треба да имаш направено големи работи“ – вели Шилдс.

Американката кој ги има олимписките титули од Игрите во Лондон и во Рио ќе се обиде да остане непоразена и во деветтата професионална борба и да докаже дека е суверена шампионка.

Хамер титулата во ВБО ја поседува од 2017 година.

Се вчитува...