Најталентираната македонска ракометарка, Ива Младеновска, ќе го продолжи престојот во францускиот шампионат откако потпиша нов договор со тимот на Безансон.
Младеновска од рана возраст доминираше на терените низ Македонија во дресот на Металург, па на 16 години се пресели во Брест. Таа ја мина сезонава на позајмица во Безансон, а откако доби шанса да ги покаже своите квалитети во дресот на овој клуб, Македонката реши да потпише нов договор со Безансон.
„Ива Младеновска дефинитивно заминува во Безансон. Моментно на позајмица во овој клуб, Младеновски дефинитивно се посвети на Безансон и ја продолжува авантурата во оваа средина. Таа потпиша договор на една година“, објави Брест на својата официјална фејсбук-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

