Големиот Џон Џонс е нов УФЦ шампион во тешка категорија. За многумина најголемиот ММА борец на сите времиња во Лас Вегас на УФЦ 285 настанот уште во првата рунда експресно го победи Сирил Гане за освојување на шампионската титула во тешка категорија.
Џонс, кој е некогашен крал во полутешка категорија, се врати во кафезот по три години. Се очекуваше голема борба со Французинот Гане, но покажа Џонс зошто го сметаат најголемиот во историјата.
Гане беше лесен залак. Веќе во вториот посериозен напад на Французинот успеа да го совлада и Гане веќе бараше милост за прекин на борбата.
Jon Jones guillotines Ciryl Gane to win the UFC heavyweight championship! pic.twitter.com/m2sOkXJdXt
— Takedown Defense (@ChillemThreebo) March 5, 2023
Џонс по победата го прозва некогашниот шампион Стипе Миочиќ. Очигледно е дека сака борба со него.
„Сакате да видите како го претепувам Стипе?“ – ја праша Џон публиката во Лас Вегас по синоќешниот меч и доби позитивна воодушевувачка реакција.
„Многу сум возбуден. Многумина зборуваа дека нема никогаш да се вратам, но бев посветен иако имаше и денови кога не сакав да тренирам“ – истакна Џонс за кого ова е 27-ма победа во кариерата во која има само еден пораз. За Гане ова беше втор пораз.
THE GREATEST OF ALL TIME IS NOW THE HEAVYWEIGHT WORLD CHAMP 🏆
JON JONES SUBMITS CIRYL GANE!! #UFC285 pic.twitter.com/JOiAnweVJ5
— UFC (@ufc) March 5, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

