Најголемиот фан на Новак: Не спиел 48 часа и цел ден не јадел ништо само за да го гледа во живо

Новак Ѓоковиќ стигна до најпосакуваниот медал во својата кариера – злато на Олимпиксите игри претставувајќи ја својата Србија. До овој успех стигна совладувајќи го најголемиот ривал на денешницата, младиот Шпанец Карлос Акараз во меч во кој пресудија тај-брејковите за триумф од 2-0.

За мечот помеѓу Србинот и Шпанецот се бараше и „билет повеќе“, а оние кои присуствуваа на „Филип Шатрије“ емотивно ги споделуваа емоциите. Еден од нив беше и Винеј Венкатеш, софтверски инженер во „Гугл“ кој за финалето долетал од Сан Франциско, Калифорнија. Како што споделува самиот за да го гледа Ѓоковиќ не спиел 48 часа.

„Не можам ни да почнам да го искажувам со зборови она на што бевме сведоци. Сега им кажував на моите пријатели дека ова е најдобриот момент во мојот живот. Новак го следам од 2007 година и не можев да замислам дека во 2024 година ќе го освои олимпиското злато. На најтешката подлога, на најтешкиот турнир, против еден од најтешките противници што може да се замисли. Има 37 години, се врати по операција и повреда… Овој човек не само што е најголемиот тенисер, туку и најголемиот човек што може да постои“, вели Винеј во разговор за српските медиуми.

„Бев во Сан Франциско. Воопшто не планирав да бидам тука за финалето. Меѓутоа кога победи во полуфиналето во петокот, решив дека ќе резервирам лет. Го направив тоа во последен момент. Не спиев скоро 48 часа, денеска речиси ништо не јадев.

Целиот мој живот, од тинејџерските години до овој момент во мојот живот тој беше мојот чувар кој ме води да ги правам вистинските работи во животот. Нему му ги должам сите добри работи што ми се случија. Тој е најголемиот човек. Понекогаш едноставно гледате луѓе и чувствувате поврзаност, ова беше еден од тие моменти. Навистина сум благословен што сум тука, да го сведочам овој момент со него. Сега можам да кажам дека го видов како ги освои сите четири слемови во живо, како и олимпиското злато. На свој начин, како навивач и јас освоив златен слем. Фала Новак, сигурен сум дека ќе продолжиме“

Се вчитува...